SportM
Фудбал

Јувентус потврди дека Ди Марија е повреден и откри колку време ќе отсуствува

Д М16 авг 2022
Јувентус потврди дека Ди Марија е повреден и откри колку време ќе отсуствува

Синоќа во натпреварот од првото коло на Серија А, Јувентус на домашен терен го победи Сасуоло со 3:0.

 

Старата дама на одличен начин ја отвори новата сезона, а блесна и Анхел Ди Марија кој летово дојде во Јувентус како слободен играч од ПСЖ.

 

Ди Марија играше од првата минута, а во 26. минута успеа да постигне гол за 1:0. Аргентинецот постигна и асистенција во вториот дел на голот на Душан Влаховиќ за 3:0.

Сепак, на стадионот „Алијанц“ беше молк во 66. минута кога Ди Марија побара да биде заменет и јасно беше дека има проблем со повреда.

 

Ди Марија утрово дојде во просториите на Јувентус за да изврши детални прегледи, а многумина стравуваа дека искусниот Аргентинец е тешко повреден.

 

Сепак, Јувентус денеска објави добра вест и порача дека за среќа не се работи за сериозна повреда, туку дека ќе мора да паузира.

 

Од Јувентус потврдија дека се работи за повреда на адукторот и дека Ди Марија ќе биде надвор од терените најмалку десет дена, но дека најважно е да не се работи за посериозна повреда.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.