Јувентус потврди: Демирал надвор од теренот шест до седум месеци
Д М14 јан 2020

Јувентус потврди, Мерих Демирал ќе ги пропушти следните шест до седум месеци по успешната операција на лигаментите.
Демирал беше тешко повреден во дербито Рома – Јувентус, а по операцијата, Јуве потврди дека Турчинот ќе паузира од шест до седум месеци.
Турскиот репрезентативец постигна гол за 1:0 во победата на „Старата дама“ над Рома, но подоцна се здоби со повреда слична како и на играчот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло.
Демирал со одличните игри го исфрли Матијас де Лихт од стартниот состав, а се шпекулираше и дека тој ќе биде мета на многубројни гиганти во зимскиот преоден рок.
Сега сè падна во вода, а Турција би можела да загуби важен играч на Европските првенства.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



