SportM
Фудбал

Јувентус размислува за размена на Кансело со Данило

Д М1 авг 2019
Јувентус размислува за размена на Кансело со Данило

Јувентус е подготвен да ја прифати понудата на Манчестер сити, која го вклучува Данило во замена за Жоао Кансело.

Сити повторно ги започна преговорите за Кансело, иако Јуве не покажува голем интетес за идејата за добивање на Данило, плус исплата на кеш.

Според „Скај спорт Италиа“, бјанконерите сега веќе се подготвени да го сметаат Бразилецот како опција, и сега останува да се види колку „старата дама“ ќе го процени Данило како играч.

Италијанските медиуми пишуваат дека вкупната вредност на трансферот може да се искачи на 60 милиони евра. Инаку, Данило им се приклучи на „граѓаните“ од Манчестер во 2017 година за 30 милиони евра, а во дресот на Сити освои два наслови на Премиер лигата.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.