Јувентус се откажа, Паредес на кратко се враќа во Париз и наскоро го менува правецот!
Д М24 јун 2023

Јувентус реши да не ја искористи опцијата за купување на играчот за врска Леандро Паредес, па Аргентинецот се враќа во Пари Сен Жермен, кој минатата сезона го позајми на „Старата дама“.
Светскиот шампион со Аргентина одигра 35 натпревари за Јуве во сите натпреварувања и постигна еден гол, не беше на своето ниво и не ги убеди челниците на италијанскиот гигант дека треба да го купат.
Паредес има уште една година од договорот со Пари Сен Жермен, но според француските медиуми тој сигурно ќе го напушти Париз ова лето. За неговите услуги се заинтересирани клубови од Саудиска Арабија, Италија, Шпанија и САД.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



