Connect with us

Фудбал

Јувентус тоне, изгуби повеќе од 100 милиони евра за половина година, продажбата започнува!

Published

on

Италијанскиот гигант Јувентус објави дека за само шест месеци долгот е зголемен за неверојатни 113 милиони евра.

Приходите на актуелниот шампион на Италија изнесуваат 258,3 милиони евра, што е многу помалку во споредба со истиот период минатата година, кога клубот заработи 322,3 милиони евра.

Јувентус исто така ги зголеми загубите во последните шест месеци на 113,7 милиони евра, што може да се објасни со влијанието на кризата по пандемијата Ковид-19.

На зголемувањето на долгот придонесе и фактот дека Јувентус, за разлика од многумина, не ги намали платите на играчите и стручниот штаб поради пандемијата, но се чини дека и тоа може да се случи.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ќе биде принуден да продаде некои важни играчи на лето за да ги надомести загубите.

Јуве, секако, избегнува да продава квалитетни играчи, но тие дефинитивно ќе мора да донесат одлука, а клубот има многу играчи во списокот што ги бараат многу европски великани, па несомнено ќе има трансфери во заминување на крајот од тековната сезона.

Facebook