Јувентус тргнува по Един Џеко!

Италијанските медиуми денес пишуваат дека Јувентус покажал голем интерес за Един Џеко и дека започнале преговори со Рома.
Џеко во минатото се поврзуваше со Старата дама во неколку наврати, но на крајот не испадна ништо. Сепак, „Спорт Италија“ денес пишува дека Јувентус веќе започнал преговори со Рома, и дека сакаат да го доведат Џеко во своите редови.
Имено, Гонзало Игуаин на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Јувентус и клубот од Торино бара нов напаѓач. Аркадиуш Милик и Алваро Мората исто така се поврзуваат со овој клуб, но Џеко изгледа дека е најреална опција.
Наводно, Андреа Пирло сака силен напаѓач кој ќе биде опасност за противникот, а Џеко е сигурно еден од најдобрите напаѓачи во Серија А. Преговорите се веќе започнати, но проблемот е во тоа што Рома бара голема сума на пари за Џеко.
Имено, тие поставија цена од 20 милиони евра за 34-годишниот напаѓач, додека Јувентус е подготвен да плати околу 12 милиони евра. Преговорите секако ќе одземат време, и интересно е да се види дали ќе го видиме Џеко следната сезона во дресот на „Старата дама“.
Џеко минатата сезона одигра 43 натпревари за Рома и успеа да постигне 19 голови и да додаде 14 асистенции. Бх напаѓачот е поекономична опција за Јувентус бидејќи Милик чини 50 милиони евра а Мората 60 милиони евра.



