Connect with us

Фудбал

Јувентус уште од 1967-ма не бил посрамотен во Торино како синоќа (ВИДЕО)

Јувентус го забележа само вториот пораз оваа сезона во Серија А, овој пат од Аталанта. Сепак, овој пораз и тоа многу боли, не само што се потиснати од трката за титулата, туку заради тоа што е со 4:0. Одамна некој не го посрамотил Јувентус вака како Аталанта во Торино.

Последен пат кога загубил со 4:0 на домашен терен било во далечната 1967-ма година од градскиот ривал Торино.