SportM
Фудбал

Јувентус вечерва без Кристијано Роналдо

Д М27 јан 2021
Јувентус вечерва без Кристијано Роналдо

Фудбалерите на Јувентус вечерва го играат четвртфиналниот натпревар од Купот на Италија против СПАЛ.

СПАЛ е единствениот второлигаш што успеа да стигне до оваа фаза и јасно е дека Јувентус е апсолутен фаворит за пласман.

Андреа Пирло денес го објави списокот на играчи на кои ќе смета на овој натпревар, и одлучи Кристијано Роналдо да не игра вечерва против СПАЛ.

Тренерот на Јувентус одлучи Роналдо да го прескокне овој натпревар со цел да се одмори за предизвиците што ја чекаат Старата дама во Серија А.

Исто така поради повреда надвор е и Пауло Дибала, а Алекс Сандро се врати во тимот откако се опорави од коронавирусот.

Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра дуел против Интер.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.