SportM
Фудбал

Јувентус веднаш одговори по обвинувањата од страна на девојката на Ругани!

Д М25 мар 2020
Јувентус веднаш одговори по обвинувањата од страна на девојката на Ругани!

Пред две недели, Даниеле Ругани стана првиот заразен фудбалер во Серија А со коронавирус. После дефанзивецот позитивен беше тестот и на неговата бремена девојка Михаела Персико.

Во интервју за италијанската агенција ТПИ, Персико даде јасна изјава дека Ругани го направил тестот на денот на играта Јувентус – Интер, но дека клубот од Торино не ги објавил резултатите веднаш.

„Даниеле се врати дома од тренинг, имаше треска и го извести клубот за тоа. Подоцна кога се разбуди се чувствуваше подобро, но клубот го тестираше на Ковид-19. Знам дека тој го направи тестот на 8 март,а јас на 16 март“, рече Персико.

Јувентус објави информација дека Ругани позитивно тестирал за Ковид-19 три дена по натпреварот, односно вечерта во среда на 11 март, откако го понесе тестот во вторник, 10 март.

Клубот од Торино веднаш ги негираше обвинувањата за Периско и понатаму рече дека има мешани датуми. Агентот на Ругани го стори истото. Некои корекции на интервјуто беа направени и од агенцијата ТПИ.

„Запрашан повторно за потврда, се покажа дека, спротивно на она што се тврди во аудио записот на интервјуто, дефанзивецот на тестот на Јувентус тестот го направил во вторник, 10 март, а резултатот е позитивен на 11 март“, велат од агенцијата.

Јувентус беше погоден. Некои го обвинуваат клубот од Торино дека криеше се за да го одигра натреварот со Интер. Бјанконерите го добија тој натпревар со водство од 2-0 и го зазедоа првото место.

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.