Connect with us

Фудбал

Јувентус владее во Италија, прв пораз на Интер

Актуелниот шампион покажа кој е кој во Италија. Во дербито го совлада Интер и тоа на „Џузепе Меаца“ со 2:1 со што му го нанесе првиот пораз во оваа сезона. Јувентус беше подобар противник во текот на целиот меч, а први поведоа по само четири минути игра, стрелец на голот беше Дибала.

На спротивната страна, Интер израмни во 18-та минута. Де Лихт играше со рака, судијата Роки покажа на белата точка, а успешен реализатор беше Лутаро Мартинез.

Во продолжението Кристијано Роналдо погоди пречка, а потоа и постигна гол во 43.минута, кој сепак беше поништен, бидејќи претходно во акцијата Дибала беше во офсајд.

Во вториот дел повторно Јувентус поконкретен, а подобрата игра со гол ја круниса Игуаин 80 минута, откако во игра влезе во 62.минута на местото на Бернандески.

Со оваа победа Јувентус го симна Интер од врвот на табелата. „Старата дама“ сега е во водство со 19 бодови, а еден помалку има Интер. Ова е прв пораз на Интер во Серие А под водство на Антонио Конте.