SportM
Фудбал

Каде ќе се игра финалето на Лигата на шампионите? За домаќинството се натпреваруваат четири стадиони од истиот град

Д М24 фев 2022
Каде ќе се игра финалето на Лигата на шампионите? За домаќинството се натпреваруваат четири стадиони од истиот град

Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона нема да се игра во руски Санкт Петербург.

Оваа одлука е донесена по сите неодамнешни настани на релација Русија-Украина, а Русите утрово ја нападнаа Украина.

Од безбедносни причини, УЕФА одлучи да го смени домаќинот на финалниот натпревар.

Како што стојат работите, финалето ќе се игра во Лондон, а во игра се четири стадиони.

Првично беше најавено дека Вембли повторно ќе биде домаќин на финалниот натпревар, а сега во игра се уште три стадиони во Лондон.

Станува збор за Олимпискиот стадион и домот на Вест Хем Јунајтед, потоа стадионот на Тотенхем и стадионот Емирати, каде тимот на Арсенал ги игра домашните натпревари.

УЕФА во наредните денови треба да донесе конечна одлука по прашањето за стадионот домаќин на Лигата на шампионите оваа сезона.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.