Connect with us

Фудбал

Како би изгледал Њукасл следната сезона?

Објавено:

Саудискиот принц Мохамед бин Салман наскоро треба да стане официјално нов сопственик на англискиот Њукасл.

Саудискиот принц и неговиот инвестициски фонд сакаат да инвестираат голема сума на пари во Њукасл, кој би можел да ги следи стапките на Манчестер Сити во наредните години.

Се очекува Мајк Ешли да го продаде клубот за 300 милиони фунти и многумина веруваат дека Њукасл ќе биде еден од најдобрите клубови во Англија во наредните години.

Веќе има шпекулации за тоа кои играчи Њукасл би можеле да ги донесат ова лето и извесно е дека ќе следи целосен ремонт на тимот. Неколку ѕвезди веќе се поврзани со клубот, а јасно е дека парите за новите сопственици нема да бидат проблем.

Њукасл се поврзува со одлични играчи како Кутињо, Игуаин и Шаќири, а дали ќе играат во дресот на овој клуб останува да се види. „The Sun“ објави како би можела да изгледа поставата на Њукасл, доколку овие шпекулации се остварат.

Можен состав на Њукасл: Влаходимос, Манкило, Фернандез, Шар, Вилмс, Шелви, Лонгстаф, Шаќири, Кутињо, Сен-Максимин, Игуаин.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама