Поврзи се со нас

Фудбал

Како би изгледала табелата за Премиер лигата без ВАР?

Лестер по осум кола е водечки тим во англиската Премиер лига.

Во многу изедначена лига каде што има навистина мала разлика во бодовите, „Лисиците“ собра 18 поени, но да не беше ВАР технологијата, овој клуб немаше да биде лидер.

Прв би бил актуелниот шампион Ливерпул. ВАР им „одзеде“ два поени, па наместо сегашните 17, тие би имале 19 поени.

Зад Ливерпул е Тотенхем со ист број на поени како што имаат во моментов (17), а остатокот од врвот изгледа доста интересно.

Вака изгледа (во заграда е бројот на поени што ги имаат во моментов)

1. Ливерпул 19 (17)
2. Тотенхем 17 (17)
3. Лестер 16 (18)
4. Саутемптон 16 (16)
5. Челзи 15 (15)
6. Астон Вила 15 (15)

Манчестер Сити е деветти со ист број на бодови (12), Арсенал десетти со ист број, додека Манчестер Јунајтед на 15-то место би имал два бода помалку од сегашните 10.

loading...

Facebook