Како гром од ведро небо: Клоп го носи Суботиќ?
Д М27 јан 2021

Според најновите пишувања на островските медиуми, Ливерпул би можел да ги „пополни“ дупките во стоперската позиција.
Наводно, Јирген Клоп ќе разговара со Невен Суботиќ за да потпише краткорочен договор со „црвените“ до крајот на сезоната.
Суботиќ е слободен агент, откако раскина со Денизлиспор.
Клоп и Суботиќ многу добро се познаваат затоа што работеа заедно седум сезони во Дортмунд.
Отпрвин, ова е чуден потег на Јирген Клоп, но потег што тој беше принуден да го направи. Раководството не даде пари да донесе стопер. Ван Дајк и Гомез се отсутни веќе некое време поради повреди, Матип е „несигурен“, Вилијамс и Филипс се неискусни.
Ќе видиме што ни носат последните денови од јануарскиот рок за трансфери.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



