Како „петардата“ на „Камп Ноу“ да не беше доволна, стигнуваат уште полоши вести за Реал

По серијата катастрофални резултати во Ла Лига, вчера Реал го доживеа најлошиот пораз – од Барселона на „Камп Ноу“, со резултат 5:1.
Како тоа да не беше доволно, денес се уште има лоши вести за „кралевите“ и сите фанови на Мадридскиот клуб. Имено, вчера на „Камп Ноу“ беа повреден Марсело и Маријано Дијаз.
Според „Марка“, Марсело ќе биде надвор од теренот ќе биде најмалку до репрезентативните паузи (половина ноември), додека Маријано Дијаз ќе пропушти најмалку 15 дена тренинг.
Ова е голем проблем за Реал кој во секој случај се мачи за постигнување голови, но сега останува без Марсело, кој во последно време е единствената вистинска закана за голманите, иако е бек. Исто така, „кралевите“ еден период ќе бидат без Маријано, кој е донесен за да постигува голови.
Иначе, Марсело ја претрпе истата мускулна повреда што ја претрпе на натпреварот кога Реал беше поразен од Севиља.



