SportM
Фудбал

Како сонот на навивачите на Ливерпул стана реалност? Сè може да се вклопи во една фотографија…

Д М26 јун 2020
Како сонот на навивачите на Ливерпул стана реалност? Сè може да се вклопи во една фотографија…

Навивачите на Ливерпул конечно дојдоа на своето.

После 30 години, тие синоќа ја имаа својата вечер и успеаја да ја прослават титулата шампион на Англија.

Сето ова се случува само 365 дена откако клубот од „Енфилд“ ја освои европската титула совладувајќи го Тотенхем во Мадрид.

Значи, многу е убаво да се биде навивач на Ливерпул во последно време, а најголем заслужник за се е германскиот селектор Јирген Клоп.

Поранешниот селектор на Борусија Дортмунд и Мајнц создаде вистинска машинерија на „Енфилд“ што уништува сè пред себе и за само четири и пол години стана бесмртен меѓу навивачите на „црвените“.

Неговата фотографија од презентацијата сега кружи на Интернет. Беше во октомври 2015 година. Кој би помислил дека четири години подоцна Ливерпул ќе игра две финалиња во Лигата на шампионите, ќе слави еднаш и ќе ја прекине црна низа во Премиер лигата.

Секој фан на „црвените“ треба да ја сподели оваа фотографија сега.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.