SportM
Фудбал

Како Усман Дембеле ја „ограби“ Барселона?

Д М2 фев 2022
Како Усман Дембеле ја „ограби“ Барселона?

Усман Дембеле очигледно ќе ја напушти Барселона на лето.

Иако 24-годишниот крилен напаѓач со денови се поврзуваше со голем број клубови, од неговото заминување во јануари немаше ништо, но бидејќи не го продолжува договорот со Барселона, јасно е дека ќе биде на Ноу Камп до лето.

Дембеле во последниот ден од преодниот рок се здружи со ПСЖ, Челзи и Тотенхем, но ги одби сите понуди.

Французинот во Барселона пристигна во 2017 година од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 140 милиони евра, а сметајќи ги досегашните плати и бонуси, Барселона за него издвои најмалку 179 милиони евра.

Тоа значи дека секој гол на Дембеле ја чинел Барселона 5 милиони и 700 илјади евра, а секој одигран натпревар по милион и 400 илјади евра.

По играна минута Дембеле го чинеше каталонскиот клуб 23 илјади евра и дефинитивно е еден од најголемите трансфер промашувања во историјата на фудбалот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.