SportM
Фудбал

Каков неспортски потег на Белингeм, заврши мечот, а тој зад грб му пријде на Аргентинецот и го удри во глава (ВИДЕО)

Редакција16 јул 2026
Каков неспортски потег на Белингeм, заврши мечот, а тој зад грб му пријде на Аргентинецот и го удри во глава (ВИДЕО)

Аргентинските фудбалери се пласираа во финалето на Светското првенство, откако во синоќешното драматично полуфинале во Атланта ја совладаа Англија со 2:1, а по натпреварот се случи инцидент.

Имено, Џуд Белингем стоеше разочаран на средината од теренот, додека недалеку од него славеа аргентинските фудбалери, свртени со грб кон него.

Белингем дотогаш беше мирен и неподвижен, но одеднаш тргна кон аргентинските играчи и одзади го удри по главата левиот бек Валентин Барко.

Аргентинецот го прекина славјето и влезе во вербална пресметка со Белингем.

Во конфликтот се вклучија и останатите аргентински репрезентативци, по што дојде до туркање, но ситуацијата брзо беше смирена бидејќи фудбалерите од двете селекции ги раздвоија завојуваните страни.

Да потсетиме, Англија водеше со голот на Ентони Гордон од 55. минута, но Аргентина со головите на Енцо Фернандез во 86. минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение избори пласман во финалето и ќе се бори за титулата светски шампион.

Аргентина во финалето против Шпанија ќе се обиде да ја освои втората последователна, а вкупно четврта светска титула.

Финалниот натпревар е закажан за недела со почеток во 21:00 часот според средноевропско време.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.