Connect with us

Фудбал

Кан шокиран од коментарот во Дортмунд: „Тој отиде предалеку“

Голема прашина во германската јавност крена изјавата на младиот англиски фудбалер Џуд Белингем за судијата на натпреварот Борусија – Баерн, Феликс Цвејер.

Талентираниот играч за врска го обвини судијата дека загубил од Баерн (3:2) и јавно го кажа својот став за натпреварот.

„Ја дадовте најголемата игра на германскиот фудбал на судијата кој порано ги намести натпреварите. Тогаш што да очекуваме?“, изјави младиот играч од средниот ред.

Германскиот весник „Билд“ денеска објави дека контролорот на судењето од тој натпревар, Марко Хасе, ќе поднесе тужба против Белингем за клевета и оштетување на угледот.

На оваа тема се огласи и првиот човек на Баерн, Оливер Кан. Не може да поверува дека Белингем упатил такви тешки обвинувања.

“Понекогаш се кажуваат зборови за кои подоцна се каеш. Тој отиде предалеку. Ова е повеќе од еден чекор. Не се сеќавам дека некој рекол нешто вакво. Не знам како можел да каже такви работи”, рекол Кан.

По победата во Дортмунд, Баерн и побегна на Борусија четири бода во 14 натпревари.

Реклама

Facebook

Реклама