Кан за новиот потпис во Баерн: Тоа е силен сигнал

Манеул Ноер вчера ја продолжи соработката со Баерн до 2023 година.
Ова ја заврши одличната сага, па капитенот ќе продолжи да го носи дресот на Баварците.
Директорот на Баерн, Оливер Кан беше особено среќен за овој потег.
“Одлична одлука за успешна иднина. Ноер е капитен и еден од најважните членови на нашиот тим. Тој ги одбележа одличните години на германскиот фудбал и ние сме среќни што ја продолживме нашата соработка. Овој потпис е силен сигнал”, рече Кан.
“Не сакав да донесам никакви одлуки во периодот на пандемија, затоа што не знаев како ќе се развива сè. Многу ми е важно да продолжам да работам со Тони Тапаловиќ и кога сè ќе биде решено, гледам кон иднината со многу оптимизам. Се чувствувам пријатно тука. Баерн е суштината, ќе биде голем на европскиот фудбал“, рече претходно Нојер.



