SportM
Фудбал

Кандидатот за претседател на Барселона е подготвен да го смени името на стадионот во чест на Лео Меси

Д М27 ное 2020
Кандидатот за претседател на Барселона е подготвен да го смени името на стадионот во чест на Лео Меси

Новиот кандидат за претседател на Барселона, Емили Русо е подготвен да го смени името на стадионот во чест на Лионел Меси.

Меси ја помина целата своја кариера во Барселона, тој е апсолутна икона на тимот, и доколку победи на претседателските избори, Русо е подготвен да го направи Меси вечен во овој клуб и да го додаде неговото име на стадионот „Камп Ноу“.

“Без оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот на сезоната, тој е жива историја на фудбалот и Барселона. Подготвен сум да му предложам стадионот во иднина да се вика „Камп Ноу Лео Меси“”, рече Русо.

Изборите за претседател на Барселона се закажани за јануари. Русо исто така најави дека во случај на победа ќе се обиде да го задржи Меси, но и да го врати Нејмар во клубот.

Сепак, ова ќе бара од Нејмар да ја повлече тужбата за неплатени договорни обврски кон клубот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.