Поврзи се со нас

Фудбал

Кандидатот за претседател на Барселона на Меси му нуди проект

Еден од кандидатите за нов претседател на Барселона, Жорди Фаре, тврди дека клубот мора да од Лионел Меси да направат Мајкл Џордан.

Тој смета дека на Меси треба да му се понуди проект за цел живот во Барселона и со оглед на улогата што Мајкл Џордан некогаш ја имаше во Чикаго Булс.

“Мора да му понудиме на Меси доживотен проект во Барселона. Мора да му ја дадеме улогата на Меси што ја имаше Џордан во Булс. Работиме на тоа да му понудиме доживотен проект во клубот”, изјави Фаре за радиото Еспорт3.

“Веќе разговаравме со неговите претставници, имаме предлог. Тука не станува збор за економски проблем, Лео веќе заработи доволно пари. Ова е љубовна приказна. Сигурен сум дека имам проект што ќе го убеди Меси”, тврди Фаре.

Фаре е само еден од шесте кандидати за нов претседател на Барселона, и тоа во голема мера ќе зависи од тоа дали Меси ќе остане во Барселона.

Потсетуваме, Аргентинецот се обиде да си замине минатото лето, на крајот беше принуден да остане, но веќе во јануари може да има големи промени.

loading...

Facebook