Поврзи се со нас

Фудбал

Канте не смееше да оди на венчавка, па реши да го напушти Челзи, клубот реагираше брзо

Челзи негира дека францускиот репрезентативец Н’Голо Канте е решен да го напушти клубот во јануари.

Францускиот весник „Ле Паризиен“ објави дека играчот за врска бил бесен бидејќи тренерот Френк Лампард му забранил да пропушти тренинг за да присуствува на свадбата на неговиот пријател непосредно пред репрезентативната пауза.

Во истиот напис се наведува дека Канте е играч кој сонува за трансфер во Реал Мадрид и дека сака да го напушти клубот во јануари, што „не го почитува доволно“.

Сепак, портпаролот на Челзи ги демантираше ваквите гласини, велејќи дека сето тоа е „тотална глупост“.

Канте е неопходен на тренинзите на Челзи, а досега пропушти само неколку во моментите кога започна да се шири коронавирусот на почетокот на оваа година.

Канте има уште нешто помалку од три години од договорот на „Стемфорд Бриџ“, но поголемиот дел од оваа година е поврзан со заминувањето од Лондон.

Сепак, тој е редовен стартер во новата сезона, што значи дека Френк Лампард навистина сериозно смета на него.

Французинот дојде во Челзи во 2016 година од Лестер и освои титули и со „сините“ и со поранешниот тим. Тој веќе собра 175 настапи за лондонскиот клуб.

 

Advertisement

Facebook

Реклама