Капитенот на Ливерпул „надвор“ до крајот на сезоната
Д М10 јул 2020

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ја заврши сезоната.
Играчот од средниот ред го повреди коленото во последниот натпревар на Ливерпул против Брајтон во средата вечерта и затоа нема да ги игра последните четири натпревари.
Тренерот Јирген Клоп изјави дека нема да му треба операција и треба да биде подготвен да ја започне новата сезона.
Патем, „црвените“ во споменатиот натпревар го совладаа Брајтон со 3:1.
Хендерсон беше еден од најважните играчи во составот на Клоп и оваа сезона, и одигра дури 40 натпревари. За тоа време тој постигна четири гола и додаде пет асистенции.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



