SportM
Фудбал

Капитенот на Северна Кореја беше единствениот кој гласаше за Модриќ

Д М28 фев 2023
Капитенот на Северна Кореја беше единствениот кој гласаше за Модриќ

Фото: Luka Modric Real, APRIL 18, 2021 – Football / Soccer : Spanish La Liga Santander match between Getafe CF 0-0 Real Madrid CF at the Coliseum Alfonso Perez in Getafe, Spain. PUBLICATIONxNOTxINxJPN 158618055

Лука Модриќ (37) беше прогласен за четврти најдобар играч на светот, а капитенот на Северна Кореја му го даде единствениот глас за најдобар.

Хрватот беше избран и во најдобрите 11 за 2022 година од ФИФПРО, меѓународната асоцијација на професионални фудбалери.

Станува збор за избори на кои гласаат претставници на медиумите и селектори и капитени на репрезентациите, а се избираат од вкупно 27 номинирани – тројца голмани и осум стопери, играчи од средниот ред и напаѓачи.

Само еден капитен го избра Модриќ за најдобар играч на светот и со тоа му даде пет поени.

Станува збор за капитенот на Северна Кореја Кук Чол Јанг (29), кој на второто место го стави победникот Лионел Меси, а на третото Ерлинг Халанд.

Џанг е стопер на севернокорејскиот Хваебул, а за својата репрезентација одигра 59 натпревари и постигна пет гола.

За својата кариера се грижи српскиот менаџер Жељко Филип Енгелман, некогашен бранител на Вождовац, Рад, Борц, ОФК Београд, кој играше и во Романија, Финска, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Полска, Монголија и Северна Кореја.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.