Капу пред Барселона ја ископира најлегендарната фризура што фудбалот ја видел

Фудбалерите на Виљареал вечерва го играат натпреварот на последниот гол во шпанската Ла Лига, на гости кај Барселона.
Виљареал сезонава ги изненади сите бидејќи успеа дури и да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите каде на крајот загуби од Ливерпул, но остави фантастичен впечаток на реваншот.
На Жолтата подморница и е потребна победа вечерва за да се избори за место во Европа, бидејќи тие се борат со Билбао за место кое води во Конференциската лига.
Пред вечерашниот дуел на Камп Ноу во центарот на вниманието беше играчот од средниот ред на гостинскиот тим Етјен Капу поради фризурата која ги воодушеви сите.
Тој реши да се потстрижи во стилот на легендарниот Роналдо, кој ја носеше оваа фризура на Светското првенство во 2002 година и го одведе Бразил до златото, а таа фризура стана култна во светот на фудбалот.
Капу ги изненади соиграчите кога се појави на тренинг и ги воодушеви со својот нов изглед. Ќе видиме вечерва дали тоа беше само шишање на неколку часа или ќе биде во истото издание вечерва против Барса.
View this post on Instagram



