Connect with us

Фудбал

Карло Анчелоти откри за кој клуб ќе игра Еден Азар следната сезона

Од перспектива на вложеното и стекнатото, Еден Азар важи за најголемиот неуспех на Реал Мадрид во последните години.

Белгиецот ги чинеше кралевите 115 милиони евра, но поради постојаните проблеми со повредите не успеа да го оправда епитетот на големо засилување.

Поради тоа што речиси и да не игра, често се шпекулира за можно заминување на Азар од Мадрид, а за тоа зборуваше и Карло Анчелоти пред натпреварот против Кадиз.

 

Италијанецот изјави дека искусниот играч за врска ќе остане на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и во новата сезона ќе го носи дресот на Лос Бланкос.

 

“Планот на Азар е многу јасен. Тој останува и е многу мотивиран бидејќи не беше на нивото од минатото и сака да го покаже својот квалитет. Сака да докаже дека е добар”, изјави трофејниот тренер.

 

Анчелоти додаде дека Азар конечно би можел да игра против Кадиз по повеќемесечна пауза.

 

“Мислам дека ќе биде така. Има доволно натпревари, има замор, ќе има ротација. Мислам дека не е важен бројот на минути колку што е важен квалитетот. Најдобар пример е Родриго кој не играше многу минути, но покажа квалитет и направи разлика“.

 

Азар пристигна на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред три лета. Досега успеа да собере само 65 настапи со шест гола и 10 асистенции.

 

Откако пристигна во Реал за помалку од три сезони, тој имаше дури 15 повреди и пропушти речиси 70 натпревари. За тоа време заработил околу 70 милиони евра плата.

 

 

 

Facebook