SportM
Фудбал

Карвахал: Нема да ве лажам, не сакам Барселона да мине во нокаут фазата од Лигата на шампионите

Д М13 ное 2019
Карвахал: Нема да ве лажам, не сакам Барселона да мине во нокаут фазата од Лигата на шампионите

Дани Карвахал зборуваше за „Радио Марка“ и се осврна на неколку теми.

Фудбалерот на Реал Мадрид го коментираше и големиот ривал Барселона, велејќи дека не би сакал каталонскиот тим да напредува во Лигата на шампионите.

Каталонците одиграа 0-0 на гостувањето кај Славија Прага минатата недела, па сега се наоѓаат во ситуација од два порази и можност да не влезат во нокаут фазата, што не му пречи на Карвахал.

„Нема да ве лажам. Би ми било мило ако Барселона не помине. Тие ќе бидат кандидати за тофејот од Лигата на шампионите и тие се нашиот најголем ривал“, рече Карвајал, продолжувајќи:

„Ние нема да се преправаме. Повеќе закам кога ќе загубат во Ла Лига затоа што тие се еден од нашите ривали и помалку или повеќе исто е и во Лигата на шампионите. Тие имаат спектакуларен тим и тие се предизвикувачи. Би било подобро за нас секој посилен тим да не продолжи понатаму“.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.