SportM
Фудбал

Каталонски медиуми: Роналд Куман останува тренер на Барселона!

Д М26 мај 2021
Каталонски медиуми: Роналд Куман останува тренер на Барселона!

Роналд Куман ќе остане тренер на Барселона, пренесуваат каталонските медиуми.

По вчерашниот состанок со раководството на тимот предводен од претседателот Жоан Лапорт, лидерите на тимот од Камп Ноу одлучија да ја продолжат соработката со Куман.

Каталонски Спорт денес донесе информација дека управата гласала во корист на холандскиот стручњак, кој ќе ја води Барселона до новата сезона.

Куман ја предводеше Барса на 54 натпревари, победи на 34 од нив, неговиот тим одигра нерешено девет пати и претрпе 11 порази.

Со Барселона, 58-годишниот тренер го освои Копа дел Реј, ја заврши Ла Лига на третото место и беше нокаутирана од ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.