SportM
Фудбал

Каталонците се уморни, на Дембеле му дадоа уште само пет дена

Д М21 дек 2021
Каталонците се уморни, на Дембеле му дадоа уште само пет дена

Францускиот репрезентативец Усман Дембеле мора конечно да одлучи дали ќе потпише нов договор со Барселона или не.

Претставниците на Барселона ја упатија последната понуда до агентот на Дембеле, Муси Сисоку, но исто така нагласија дека веќе немаат трпение и дека сакаат да го знаат конечниот одговор до 26 декември.

Сега играчот и неговиот агент ќе треба да побрзаат и да размислат што да прават во следните пет дена. Каталонците се уморни од преговори, а Дембеле влегува во последните шест месеци од договорот и од 1 јануари 2022 година има право да преговара со други тимови.

Доколку Каталонците го немаат одговорот на Дембеле во договорениот рок, ќе бидат должни да донесат одлука во врска со Французинот.

Инаку, тренерот на Барса Чави Ернандез има желба Дембеле да остане и го смета за важен за иднината на овој тим.

“Разговарав со Дембеле вчера. Разговарав со него и повторно сум сигурен дека сака да продолжи во Барселона бидејќи е среќен тука. Не можам да кажам повеќе од тоа. Неговиот агент и клубот мора да се договорат. Тој знае кој проект е тука и колку му беше важно да остане со нас. Го гледам среќен, може да направи разлика, да постигнува голови, па очекувам да биде со нас и следната сезона“, изјави Чави.

Дембеле имаше многу проблеми со повредите, но неодамна се врати и повторно е стартер кај Каталонците, а во меѓувреме други, богати и големи тимови сакаат да ја искористат неговата ситуација, па Баерн ќе му понуди добар договор за да добие него слободно на лето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.