SportM
Фудбал

Катастрофа на светскиот вице-првак: Шпанија и го нанесе најтешкиот пораз на Хрватска

Д М12 сеп 2018
Катастрофа на светскиот вице-првак: Шпанија и го нанесе најтешкиот пораз на Хрватска

После одличните настапи на Мундијалот во Русија, само неколку месеци подоцна хрватската репрезентација го доживеа и најтешкиот пораз во својата историја. Во Елче во рамките од Лигата на Нации, Хрватите беа поразени од Шпанија, верувале или не, со убедливи 6:0.

Немоќни беа Хрватите на теренот на кој доминираше „Фуријата“ предводена од новито селектор Луис Енрике. Шпанија „гази“ и ја совлада Хрватска само неколку дена после победата над Англија на „Вембли“. Головите за Шпанија беа дело на Саул, Родриго, Рамос, Иско и два гола постигна Асенсио. Ова беше најубедливиот пораз на Хрватска во нивната историја, и тој доаѓа после второто место на СП одржано годинава.

Во другите натпревари од Лигата на Нации вечерва, Белгија го победи Исланд на гости со 3:0, БиХ дојде до вториот триумф победувајќи го составот на Австрија. Финска со 1:0 беше подобра од Естонија, додека Грција е поразена на гостувањето кај Унгарија со 2:1. Молдавија и Белорусија одиграа без голови, додека Луксембург го совлада тимот на Сан Марино на гости со 3:0.

Извор: ТВ21

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.