Катастрофална статистика, чекаме гол, а Македонија на четири меча само еднаш шутнала во рамките од голот (ФОТО)

Македонската фудбалска репрезентација овој „прозорец“ од УЕФА предвиден за мечевите од Лигата на нации го завршува со една голема „нула“. Нула бодови, но и нула постигнати голови. На четири меча Македонија нема победа, а нема ниту постигнат гол. Серијата без да ја затресеме противничката мрежа трае веќе осум меча, во сите конкуренции. Последен пат македонската репрезентација посригнала гол на мечот против Велс, одигран пред точно една година на гости, во квалификациите за Светското првентво, кога загубивме со 7:1.
Навивачите посакуваа, во Лигата на нации конечно репрезентацијата да проработи, но гол не видовме. А, како ќе видиме кога на четири меча Швајцарија дома, Словенија во гости, па Шкотска дома, па Швајцарија на гости, верувале или не, македонските фудбалери само еднаш шутнале во рамките на голот. Барем така вели статистиката. Единствено на мечот со Словенија на гостински терен Македонија при создавањето на шанси пред противничкиот гол, ги погодила рамките од голот. Сите други обиди, завршиле покрај или над голот.
ЦРНАТА СЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ПОСТИГНАТ ГОЛ:
ЛИГА НА НАЦИИ
ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:0 (Без удар во рамките од голот)
МАКЕДОНИЈА – ШКОТСКА 0:2 (Без удар во рамките од голот)
СЛОВЕНИЈА – МАКЕДОНИЈА 2:0 (Еден удар во рамките од голот)
МАКЕДОНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 0:3 (Без удар во рамките од голот)
МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ
ТУРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 4:0 (Два удари во рамките на голот)
БИХ – МАКЕДОНИЈА 0:0 (Два удари во рамките на голот)
ИРСКА – МАКЕДОНИЈА 0:0 (Еден удар во рамките на голот)
СП КВАЛИФИКАЦИИ, ПЛЕЈ ОФ
ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА 4:0 (Без удар во рамките на голот)




