SportM
Фудбал

Кавани ја продолжува кариерата во Виљареал?

Д М19 авг 2022
Кавани ја продолжува кариерата во Виљареал?

Кавани (35) во моментов е без договор, бидејќи неговиот договор со Манчестер Јунајтед истече пред неколку месеци.

Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Единсон Кавани најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Виљареал, пренесува шпанскиот спортски весник „Ас“. Кавани (35) во моментов е без договор, бидејќи неговиот договор со Манчестер Јунајтед истече пред неколку месеци.

Шпанските медиуми пренесуваат дека раководните лица на уругвајскиот фудбалер стапиле во контакт со претставниците на Виљареал. Кавани наводно има понуда и од Валенсија. Уругвајскиот напаѓач пред Манчестер Јунајтед настапуваше за Пари Сен Жермен, Наполи, Палермо и Данубио.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.