Кавани се збогуваше со играчите на ПСЖ

„Фут-Меркато“ објави дека искусниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани решил да потпише за Атлетико Мадрид, откако одби неколку понуди од Премиер лигата.
Единсон Кавани, наводно, е уште еден чекор поблиску до трансферот во Атлетико Мадрид. Според последните шпекулации, тимот од Мадрид е многу блиску до постигнување договор со ПСЖ за трансфер на Кавани.
Напаѓачот, како што пренесува францускиот „Фут-Меркато“, вчера се збогувал со соиграчите од ПСЖ, и се подготвува да патува во Мадрид.
Шпански „АС“ шпекулира дека Кавани би можел вечерва официјално да стане фудбалер на Атлетико Мадрид.
Патем, Единсон Кавани веќе одамна има се помалку простор во тимот на ПСЖ, а веќе долго време се шпекулира за неговото заминување.
Ако тоа се случи, Кавани ќе го напушти ПСЖ како најдобар стрелец во историјата на клубот.
Се верува дека Атлетико Мадрид се согласи да плати 15 милиони евра на ПСЖ за надомест за трансферот на Кавани.



