Поврзи се со нас

Фудбал

„Ќе го бранам дресот на Атлетико до смрт“

Минатото лето Луис Суарез премина од Барселона во Атлетико Мадрид.

Искусниот Уругваец беше отпишан по доаѓањето на Роналдо Куман на клупата и на крајот беше испратен во редовите на големиот ривал.

Интересно интервју даде Суарез за списанието АС. Тој зборуваше за средбата со Барселона и изговори неколку интересни реченици.

Погодок од почит кон поранешниот клуб не би славел, но би „гризнал“ за Атлетико.

“Не би славел погодок од почит кон моите поранешни соиграчи и клубот што ми даде сè. Ќе биде посебно чувство да играм против пријател, но ќе го бранам дресот на Атлетико до смрт како и во претходните тимови. Уживам тука и со нетрпение очекувам да имам можност да покажам каков играч сум и дека сè уште сум од светска класа “, рече Суарез.

Суарез оваа сезона одигра осум натпревари за Атлетико и постигна четири погодоци.

loading...

Facebook