SportM
Фудбал

„Ќе го победиме Ливерпул со 3:1, а јас ќе ги дадам сите три гола“

Д М10 дек 2019
„Ќе го победиме Ливерпул со 3:1, а јас ќе ги дадам сите три гола“

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд е полн со самодоверба пред вечерашниот натпревар против Ливерпул.

Неговиот Ред Бул Салцбург има шанса да се пласира во осмина финалето во Лигата на шампионите, и ќе го стори тоа доколку актуелниот европски шампион победи со 1:0, 2:1 или 3:2 или со разлика од повеќе од еден гол.

Халанд целосно верува во оваа сензација и го предвидува резултатот пред натпреварот.

„Ќе победиме 3:1“, вели младиот Норвежанец, кој потоа новинарот го запраша, „Дали ќе ги дадете сите три гола?“, „Да“, одговара напаѓачот на Салцбург.

Не е ни чудо што ова 19-годишно дете ја има оваа самодоверба откако постигна 28 голови на 21 натпревар одиграни оваа сезона. Тој е втор стрелец во ЛШ со осум гола на пет натпревари.

Натпреварот Салцбург – Ливерпул започнува во 18:55.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.