SportM
Фудбал

Ќе се одигра ли натпреварот Лил-Челзи? Се огласи и УЕФА

Д М15 мар 2022
Ќе се одигра ли натпреварот Лил-Челзи? Се огласи и УЕФА

Поради воведените санкции за сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, доведен е под знак прашалник и реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите во Лил.

Челзи победи со 2-0 на домашен терен и утревечер на програмата е вториот меч, но под знак прашалник беше неговата игра по санкциите што му беа изречени на рускиот тајкун.

Санкциите на Европската унија не само што го доведоа Абрамович во многу лоша ситуација, туку актуелниот европски фудбалски шампион може да има и големи последици.

Сепак, УЕФА во вторникот вечерта објави дека натпреварот во Лил ќе се игра и покрај санкциите, но тешко дека Челзи ќе добие 1,8 милиони евра доколку се пласира во четвртфиналето. Британската влада ќе ја замрзне таа сума што им припаѓа на сините во случај на понатамошен премин.

Натпреварот меѓу Лил и Челзи се игра утре на стадионот „Стад Пјер-Мауро“ со почеток во 21 часот по средноевропско време. Челзи доби посебно ослободување за настап и покрај санкциите против Абрамович. Сините ќе можат да играат натпревари во домашни и европски натпреварувања, но санкциите кон нивниот сопственик секако ќе остават голема трага.

Клубот доби забрана за потпишување нови играчи, договори со сегашните играчи, нема право да продава билети за своите натпревари, а продавниците на Стемфорд Бриџ се затворени.

Што се однесува до Абрамович, тој работи на продажба на Челзи и веќе има околу 20 понуди од различни делови на светот, а лично отпатува и во Израел каде може да биде мирен и надвор од земјите каде што му се воведени санкции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.