Кеисуке Хонда се враќа во Европа?

Јапонскиот ветеран и една од фудбалските легенди, Кеисуке Хонда, би можел да се врати на Стариот континент во јануари.
Хонда ја прекинува соработката со Бразилецот Ботафого по само една година поминати во Брзаил и сега е подготвен повторно да игра во европските лиги.
Според извештаите на медиумите во Португалија, Хонда има понуда од тамошниот клуб Портимоненсе, а сега чекаат одговор од поранешниот јапонски репрезентативец, кој има договор со Ботафого до февруари.
Сепак, се чини дека Ботафого и Хонда ќе ја прекинат соработката во јануари, што ќе им овозможи на Хонада да ја промени животната средина без никакви проблеми.
Хонда (34) има играно за ЦСКА Москва, Милан, Нагоја, мексиканска Пачука, ВВВ Венло и Витесе, а Ботафого е последниот во низата клубови во неговата кариера.



