SportM
Фудбал

Кејлор Навас го продолжи договорот со ПСЖ

Д М27 апр 2021
Кејлор Навас го продолжи договорот со ПСЖ

Кејлор Навас брани брилијантно оваа сезона на голот на ПСЖ, па следуваше и признанието.

Парискиот клуб објави дека репрезентативецот на Костарика потпишал нов договор со ПСЖ до летото 2024 година, што е за една година повеќе од сегашниот договор што го врза со ПСЖ до 2023 година.

Навас дојде во Париз во 2019 година од Реал Мадрид, со кого претходно имаше освоено три титули во Лигата на шампионите.

Сега ќе се обиде да го освои тој трофеј со ПСЖ, а неговиот тим игра против Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Исто така, Навас и тимот се борат за титулата во Франција, а трката е многу понапната оваа сезона бидејќи во игра се и Лион, Монако и Лил.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.