Кејн и Фабиан Руис го заслужуваат „Златната топка“ повеќе од Мбапе и Јамал, вели поранешниот голман
SPORTM.mk28 сеп 2026

Со оглед на тоа што сме помалку од еден месец од големата церемонија за „Златната топка“, трката за ова вредно индивидуално признание е посилна од кога било.
Санти Кањизарес, поранешниот голман на Валенсија, Реал Мадрид и Шпанија, кој сега работи како коментатор и аналитичар, има поинаков став за освојувачот на „Златната топка“ оваа година. Поранешниот голман избира еден меѓу Фабиан Руис или Хари Кејн, за разлика од мнозинството кои се за Килијан Мбапе или Ламин Јамал.
„Ќе останам на мојот личен избор; за мене, пред Ламин Јамал и пред Килијан Мбапе, постојат двајца подобри кандидати: Хари Кејн и Фабиан Руис. И тоа поради она што го постигнаа во текот на минатата сезона“, рече Кањизарес во емисијата „Ел Партидазо“ на радиото „Кадена КОПЕ“.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



