Кејн: Ова е совршена ноќ за нас
Д М3 јул 2021

Англија се пласираше во полуфиналето на ЕУРО за прв пат по 25 години. Еуфоријата расте, а голем оптимизам се чувствува и кај Хари Кејн.
„Фантастична ноќ. Во вистинско време ја достигнуваме кулминацијата. Бевме фаворити, но чувствувавме и голем притисок и очекувања да играме како што треба да игра главниот фаворит. Нова игра без примен гол, четири постигнати, може да се каже дека ова е совршена ноќ за нас“ – изјави Кејн.
Англија во полуфиналето в среда ќе игра против Данска.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



