SportM
Фудбал

Киелини жали за одбивањето на Арсенал: Не бев подготвен

Д М4 фев 2021
Киелини жали за одбивањето на Арсенал: Не бев подготвен

Искусниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Киелини (36) тврди дека жали што одбил да влезе во редовите на Арсенал.
Лондонскиот клуб го следеше Кјелини пред 20 години, додека тој играше во Ливорно и тие имаа намера да го доведат во своите редови.

Сепак, Киелини ги одби тогаш, а денес жали за тоа.

“Бев луд кога ја одбив понудата. Имав 16 години, играв во Серија Ц и добив голема понуда. Не се чувствував подготвен. Ако прифатев, ќе помислев дека го изневерив Ливорно”, изјави Киелини изјави за францускиот магазин So Foot.

Пет години по оваа понуда пристигна покана од Јувентус. Тој не можеше да го одбие и е член на торинскиот гигант веќе 16 години.

Киелини одигра 518 натпревари за Јуве и постигна 36 голови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.