SportM
Фудбал

Киеса сака да остане во Фиорентина

Д М20 мај 2020
Киеса сака да остане во Фиорентина

Напаѓачот на Фиорентина, Федерико Киеса нема намера да го напушти својот сегашен клуб во следниот трансфер период.

Според италијанските медиуми, и покрај големиот интерес на голем број клубови од многу лиги, Киеса сака да остане во Фиорентина.

Тој наводно им кажал на раководството и стручниот штаб дека не сака да го напушти клубот, барем во следниот трансфер период, ќе остане уште една сезона.

Тој претходно изјави дека не преговарал со ниту еден тим и дека е фокусиран само на Фиорентина, што сега го покажа.

За неговите услуги беа заинтересирани Арсенал, Јувентус, Интер, Челзи и Манчестер Јунајтед, но сите останаа разочарани од неговата одлука.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.