Connect with us

Фудбал

Килијан Мбапе ги потресе парижаните: Заминувам!

Не ова лето, тоа е сигурно, но Килијан Мбапе ќе го напушти центарот на Франција веќе следното лето.

Според различни извештаи од Франција, Мбапе им соопштил на челниците на богатиот клуб дека сака да замине на крајот на сезоната 2020/21. Тој очигледно подготвува план и се верува дека веќе знае каде ќе ја продолжи кариерата, но можеме само да претпоставиме.

Светскиот шампион со Франција се верува дека инсистира на трансфер во Англија или Шпанија. Секако, Реал Мадрид веднаш се смета за главен фаворит, а го следат Манчестер Сити, Јунајтед и Ливерпул.

Мбапе премина во ПСЖ во 2018 година за 165 милиони фунти и има уште две години од договорот со Французите, но „Тајмс“ пишува дека клубот информирал дека ќе даде се од себе оваа сезона, но дека има намера да започне нови предизвици веднаш после тоа.

loading...

Се смета дека Мбапе е заинтересиран за Премиер лигата и Манчестер Јунајтед, откако претходно го откри воодушевувањето од Ливерпул и Јирген Клоп. Порано често се поврзуваше со Реал Мадрид и таа опција не е исклучена.

Со оглед на тоа што Лионел Меси конечно би можел да ја напушти Барселона на крајот од сезоната, се очекува дека Каталонците ќе се обидат да го купат и вториот најскап играч на светот по Нејмар.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com