Килијан Мбапе објасни зошто решил да остане во ПСЖ, го спомена и Флорентино Перез

Килијан Мбапе го продолжи новиот договор со ПСЖ, иако многу го чекаа во Мадрид.
Мбапе му ветил на Реал дека летово ќе дојде како слободен играч, на крајот се распадна и сепак реши да остане во Париз. Тој зборуваше за тоа на прес-конференција, заедно со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи.
„Денеска е голем ден за историјата на ПСЖ и за сите наши навивачи во Франција и светот. Килијан останува со нас уште три сезони. Тоа е силен сигнал, го задржавме најдобриот играч на светот. Килијан останува затоа што ПСЖ му ја нуди најдобрата позиција за да стане најдобар играч на светот“, изјави Ал-Келаифи, но тој се повеќе го интересираше што има да каже Мбапе.
„Одлуката беше тешка, но јас сакав да играм фудбал овде. Притисок? Ја имам од мала. Навикнат сум. Ќе останам играч, никогаш нема да ја надминам таа позиција“, рече тој, алудирајќи на гласините дека ПСЖ му дал големи овластувања во клубот само за да остане.
Тој признава дека сакал да го напушти Париз порано.
„Точно, сакав да заминам, но сега е поинаку. Франција е земјата во која сакам да живеам, таа е мојата земја. И клубот сака да промени многу работи на спортски план. Мојата приказна не е завршена тука“.
Тој додаде дека конечната одлука ја донел минатата недела и дека сака тоа да биде изненадување, но сакал да го повика и претседателот на Реал, Флорентино Перез да му оддаде почит.
Дали Меси и Нејмар влијаеле на конечната одлука? „Таа е само моја, никој не требаше да ме убеди да останам, чест ми е што играм за овој клуб.
Повторно збор зеде Ал-Хеалифи кој рече дека Мбапе немал посебни барања, како што пренесоа медиумите.
“Нема да откриваме финансиски детали бидејќи парите не му се најважни на Килијан. Спортскиот проект е поважен. Зошто вложивме толку многу во него? Затоа што е најдобар на светот!”, изјави првиот човек на ПСЖ.
Мбапе оваа сезона постигна 39 гола и забележа 26 асистенции за ПСЖ во сите натпреварувања, а со клубот ја освои и Лига 1, иако Лигата на шампионите се уште е негов најголем сон.
🗣️ "I have made a personal decision that I feel is best for me."
Kylian Mbappe discusses why he decided to stay at PSG when last year he wanted to leave to 'fulfil his childhood dream' of playing for Real Madrid. pic.twitter.com/SVhODjFcz2
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 23, 2022



