Клајверт: Понекогаш мислам дека е подобро да останев во Ајакс
Д М19 мар 2019

Младата ѕвезда на Рома – Џастин Клајверт, изрази загриженост поради тоа што не останал во матичниот Ајакс, а побарал развој во странство.
– Беше неверојатно да го видам триумфот на Ајакс против Реал. Понекогаш мислам дека беше подобро да останам Ајакс. Јас се уште сум вљубен во овој тим, изјави синот на легендата Патрик Клајверт пред „Фокс спортс“.
Тој сепак вели дека не жали што ја избрал Рома.
– Но понекогаш чувствувам дека не требаше да го напуштам Амстердам. Сепак да живееш сам те прави посилен како човек. Научив многу во странство, но секако во Ајакс можев да се развијам мног, додаде тој.
Во оваа сезона Клајверт има 3 гола во 27 натпревари за „волците“ од Рим.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



