Connect with us

Фудбал

Клоп беше прашан што мисли за трансферот на Халанд, а изразот на лицето веднаш му се промени

Манчестер Сити вчера комплетираше големо засилување за новата сезона и го потврди доаѓањето на Ерлинг Халанд.

Граѓаните на официјалниот сајт потврдија дека Халанд летово ќе ја напушти Борусија Дортмунд и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Манчестер Сити.

Сити ја активираше откупната клаузула од 75 милиони евра и доби огромно засилување во нападот. Половина од европските великани се бореа за Халанд, но на крајот Норвежанецот избра да дојде на „Етихад“.

Халанд деновиве е главна тема на јавноста во Англија, а прашањето за него синоќа не можеше да го избегне Јирген Клоп откако Ливерпул на гостински терен ја победи Астон Вила.

Новинарите го прашаа Клоп што мисли за доаѓањето на Халанд во Манчестер Сити, а тој беше максимално искрен и призна дека клубот од „Етихад“ навистина добил огромно засилување.

„Тој е одличен играч. Сепак, Сити никогаш не бил и нема да биде тим кој победува на натпревари за еден играч. Ерлинг ќе сфати дека ќе постигне многу голови на втора статива со само спуштање на ногата и верувам ќе му се допадне“, рече тој. Додаде Клоп.

“Колку ќе засили? Многу, тој е вистински ѕвер. Тој беше повреден неколку пати во Дортмунд, но кога ќе биде подготвен тој е вистински ѕвер. За жал. Тој е навистина одлично засилување”.

Реклама

Facebook