Клоп дефинитивно не смета на Грујиќ, поставена е цена од 30 милиони евра
Д М16 фев 2020

Српскиот фудбалер Марко Грујиќ нема да се врати во Ливерпул по истекот на заемот во Херта, пренесуваат медиумите.
Иако Грујиќ нуди цврсти настапи на берлинскиот тим, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп сè уште нема намера да го врати на „Енфилд“ и клубот ќе ги слушне понуди за него во текот на летото.
Одредена е цена од 30 милиони евра, што е пет пати поголема од сумата што Ливерпул ја плати на Црвена звезда во јануари 2016 година. Сепак, тие се надеваат дека некој ќе плати за тоа затоа што сигурно ќе бидат заинтересирани по добрите игри во Бундеслигата.
Грујиќ е стандарден во првиот состав на берлинскиот тим и има забележано вкупно 21 натпревар оваа сезона. Тој постигна три гола и две асистенции.
Покрај Херта, тој беше на позајмица и во Кардиф.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



