SportM
Фудбал

ВИДЕО: Клоп доби прашање за коронавирусот, па му одржа лекција на шпанскиот новинар

Д М10 мар 2020
ВИДЕО: Клоп доби прашање за коронавирусот, па му одржа лекција на шпанскиот новинар

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се налути на мадридскиот новинар, откако му постави прашање за коронавирусот на пресот пред дуелот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Ливерпул утре ќе го „брка“ заостаток од 0:1 од Мадрид против Атлетико на „Енфилд“, а еден новинар беше заинтересиран и за нешто поврзано со коронавирусот пред мечот.

Тој го праша Клоп следново: „Ние стигнавме од Шпанија. Таму школите се завршени, забранет е влез на стадионите, кажано е да не се ракуваме пред натпреварите, но фудбалот е игра во која постои физички контакт, зарем не сте загрижени дека фудбалерите ќе бидат изложени?“.

Германецот се налути и реши да му одржи лекција.

„Ти си од Мадрид? Живееш ли во Мадрид? Дали си загрижен? Дел си од општеството и без оглед на тоа што не го играш натпреварот утре би требало да бидеш загрижен и сите ние би требало да сме загрижени. Тоа е токму она што не ми се допаѓа. Седиш тука и ме прашуваш такво прашање, но си дошол од Мадрид на натпреварот. Државата ги затвори школите и универзитетите, а ти се очигледно загрижен, но мислиш дека фудбалот е вреден за твоето патување. Тоа е нашиот заеднички проблем“, изјави Клоп и додаде:

„Ние играме и мораме да ја направиме нашата работа, а твојата работа е да пренесуваш информации. Се надевам дека тоа го правиш подобро отколку што поставуваш прашања. Ова е момент кога навистина се лутам, кога ми создаваш чувство дека имам проблем кој вие го немате. Сите ние го имаме истиот проблем во овој момент“.

Тренерот на Ливерпул додава дека сите сме на ист брод.

„За мене, за вас и за играчите е добро да не се ракуваме. Со тоа што 22 совршено здрави фудбалери не се ракуваат, се испраќа порака до општеството. На ист брод сме“.

Германецот порачува дека не е сигурен дали мерките за забрана кои се воведуваат на стадионите ширум Европа ќе вродат со плод, но ќе ги почитува.

Утрешниот натпревар на „Енфилд“ започнува во 21 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.