Клоп „договори“ одличен летен трансфер
Д М20 фев 2021

Ливерпул го совлада РБ Лајпциг со 0:2 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Покрај триумфот, Јирген Клоп ја искористи можноста да „договори“ летен трансфер.
Според пишувањата на островските медиуми, Клоп разговарал со Марсел Сабицер, фудбалер на РБ Лајпциг, кој игра одлично.
Германецот во споменатиот фудбалер гледа идеална замена за Георгин Вијналдум, чиј договор истекува на лето и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Ливерпул треба да плати 50 милиони евра на Лајпциг на лето за услугите на австрискиот репрезентативец, кој има договор со германскиот тим до јуни 2022 година.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



